Македонија,Политика

Иванов: Македонија се гради со дела, а не со празни зборови!

Иванов: Македонија се гради со дела, а не со празни зборови!

За три години реконструирани се повеќе локални патишта. Патот за село Долно Крушје, за село Зркле, патот Мала Река до село Калуѓерец, патот за селото Лупште и за селото Требовље. Обезбедени се средства за уште два локални пата, до село Звечан и до село Волче. Реконструиран е и регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод во должина од 37км. Така се гради Македонија, со дела, а не со празни зборови, истакна претседателот Ѓорѓе Иванов на Централниот митинг во Македонски Брод.

Претседателот Иванов ја потенцираше значајноста на регионалниот пат за поврзување на Скопје со Македонски Брод и воедно најави реализација на овој проект.

Знаеме колку е значаен регионалниот пат за поврзување на Скопје, со Македонски Брод преку Поречието, делницата Коломот-Близнанско. Убеден сум дека ќе продолжи, ќе се комплетира реализацијата на овој проект, ова е огромен проект за Македонија.

Така се гради Македонија, со дела, а не со празни зборови.