Иванов: Македонија успешно се справува со предизвикот од мигрантската и бегалската криза

Македонија добива комплименти за начинот на справување со мигрантската и бегалската криза, и ние сме една од ретките земји кои успешно се справуваат со овој предизвик, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по остварените средби со повеќе учесници на 21. Самит за климатски промени во Париз.

Нашиот кризен менаџмент е активиран, имаме прогласено кризна состојба, и постапуваме согласно нашиот закон за се што е предвидено од тој аспект. Македонија добива комплименти, бидејќи за разлика од некои други држави кои беа изненадени и не се снајдоа најдобро, Македонија од самиот почеток на кризата прави се, за да нема никакви последици по безбедноста на нашето населениe, потенцираше Иванов.

Во разговорите со светските лидери на Самитот се зборувало за македонската евроатлантска интеграција, за состојбите во регионот, како и за предизвиците со мигрантската и бегалската криза.

Со претседателот Обама зборував за нашата евроатлантска интеграција, изјави Иванов. Додаде дека Македонија го почнува 17-тиот акционен план за членство во НАТО, а стоиме во место и имаме статус-кво состојба во нашата интеграција. Со госпоѓата Меркел имавме подолг разговор, кој се однесуваше на проблемот што не засега сите во нашиот регион, и кој станува се повеќе глобален проблем. Проблемот со бегалците и мигрантите”, изјави претседателот Иванов.

Говорејќи за…