Иванов: Македонските граѓани сами ќе одлучуваат за клучните национални прашања

Пред кратовчани денеска, Ѓорге Иванов, кој по втор пат ја бара довербата од граѓаните истакна дека тој е претседател на народот и постојано него го слуша.

„Не прифатив и нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот“, рече тој, нагласувајќи дека  македонските граѓани сами ќе одлучуваат за своите клучни национални прашања.

Slika1 (1)

По митингот во Кратово, Иванов поддржува од својот тим продолжува и во Ранковце, Крива Паланка, Пробиштип и Кочани со централен митинг во 20.30 часот.