Иванов со медали за заслуги ќе одликува четворица припадници на дијаспората

Иван Трпоски од Австралија, Кирил Христовски од Соединетите Американски Држави, Лилјана Стоилковска – Андоновска од Кралството Шведска и Борче Величковски од Република Србија ќе бидат одликувани со Медал за заслуги за Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов.

Одликувањето е утре, а Иванов ќе ги одликува четворицата поединци – припадници на македонската дијаспора и ќе им го додели признанието Повелба на Република Македонија на „Македонскиот сојуз во Кралството Шведска“.

Медалите се доделуваат за нивна исклучителна посветеност и ангажираност во своето работење во нивните земји, со што дале значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот и за унапредување на пријателските односи и соработката со државите во кои живеат.

Признанието Повелба на Република Македонија се доделува на „Македонскиот сојуз во Кралството Шведска“ за особени заслуги и достигнувања во својата дејност како асоцијација за зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности во светот, како и за придонесот за унапредување на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството Шведска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.