сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 0

Иванов: И во следните години ќе бидеме окупирани со мигрантската и бегалска криза

Мигрантската и бегалската криза во Европа, како и состојбите на Блискиот Исток и Северна Африка се прашања и предизвици за кои ќе бидеме окупирани и во следните години и децении.

ivanov-rim-nova

Последни вести

Мигрантската и бегалската криза во Европа, како и состојбите на Блискиот Исток и Северна Африка се прашања и предизвици за кои ќе бидеме окупирани и во следните години и децении.

Ова го изјави претседателот Ѓорге Иванов, кој вчера учествуваше на 7.Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави” и Италијанското друштво за меѓународни организации – Иницијатива за Глобален дијалог во мултиполарен свет, што се одржа во Сенатот на Италијанската Република во Рим.

Од  кабинетот на претседателот Иванов информираат дека на состанокот присуствувале голем број еминентни гости, кои дебатирале за сите причини и последици од актуелните состојба во овие региони.

Иванов: И во следните години ќе бидеме окупирани со мигрантската и бегалска криза

Иванов: И во следните години ќе бидеме окупирани со мигрантската и бегалска криза

Во присуство на актуелни и поранешни претседатели, министри и луѓе кои се преокупирани со овие прашања, се разговараше за сите можни и идни предизвици, затоа што со ова ќе бидеме преокупирани и во следните години и децении. Досега имавме сосема различни сфаќања и различни видувања, и ова е на некој начин дел од тоа што го прави Алијансата на цивилизациите, а тоа е да се поттикне дијалог и да се разговара за сите можни аспекти за заканите кои постојат, и за сето она што сме преокупирани како човечка цивилизација, изјави Иванов.

Истакна дека бегалци нема само во Европа, туку големи поместувања на население и преселби на народи има речиси на сите простори.

Тоа, подвлекува претседателот Иванов, создава сосем поинакви состојби, за кои досега немало начин како да се справат сите земји кон кои одат мигрантите, и на кој начин да им излезат во пресрет на тие што добронамерно дошле поради состојбите во своите земји.

Иванов оствари средби и разговори со повеќе претседатели кои биле присутни на состанокот

Претседателот Иванов, информира неговиот кабинет, разговарал со претседателот на Италија Серџо Матарела, со претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев, со претседателот на Италијанскиот сенат, како и со повеќемина поранешни претседатели кои биле присутни на состанокот.

Имавме размена на мислење и сознанија за тоа како се справуваме со овие предизвици, што се правиме, и кое искуство од нашето наследство можеме да го користиме за да си помогнеме меѓу себе. Разговаравме за идните соработки кои можеме да ги имаме меѓу Република Македонија и Италијанската Република. Со претседателот Плевнелиев, пак разговаравме за проекти кои можеме да ги оствариме заедно како две држави, вели македонскиот претседател.

За време на работната посета на Италијанската Република и учествотото  на 7.Состанок на високо ниво, на претседателот Иванов му беше врачено посебно признание од страна на  Меѓународниот центар „Низами Ганџави” за неговата поддршка на иницијативите на центарот, како и за неговиот придонес во областа на меѓурелигискиот дијалог.

Најчитани вести