Македонија,Политика

Иванов: Може да се отворат 50 илјади нови работни места

Иванов: Може да се отворат 50 илјади нови работни места

Доколку победи, Иванов истакна дека и понатаму како претседател ќе помага за економски развој на државата, во рамките на неговите ингеренции.

„Каде и да одев ги презентирав потенцијалите на Македонија како бизнис дестинација. Дадов поддршка на сите проекти, се отворија 120 илјади нови работни места. Ќе учествувам на сите Меѓународни форуми, да се прикажа потенцијалот за тоа што може да се понуди како држава. Исто така ќе учествувам и на форуми каде се тресира иднината на Балканот. Има многу простор претседателот да придонесе во економскиот развој на државата,“ изјави Иванов.

Тој исто така истакна дека нашиот образовен систем овозможува поврзување на Универзитетите и бизнис заедницата, што ќе им овозможи на студентите вработување по завршување на образованието.

„Со рефромите и поволната клима во наредните пет години реално можат да се отворат 50 илјади нови работни места. Македонија се повеќе извезува храна како резултат на субвенциите во земјоделието,“ изјави Иванов и додаде дека сите субвенции кои се вложени во земјоделието односно 550 милиони евра се вратени со извозот на производите.

Тој изјави дека за 21 година, СДСМ не отвори работно место.