сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Иванов му го додели мандатот на Заев (ВИДЕО)

Заев рече дека двете пречки за доделување на мандатот се отстранети, а до Иванов, испорачал писмо во форма на гаранција, која е доставена во Кабинетот на претседателот.

мандат

Последни вести

Претседателот Ѓорге Иванов на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во 12 часот му го додели мандатот за состав на нова влада.

Иванов констатираше дека се отстранети пречките за доделување мандат, а Заев во име на парламентарното мнозинство прочита заедничка изјава за зачувување на унитарноста и мултиетничкиот карактер на Република Македонија.

Заев рече дека двете пречки за доделување на мандатот се отстранети, а до  Иванов, испорачал писмо во форма на гаранција, која е доставена во Кабинетот на претседателот.

 „Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интергритет, мултиетничноста и уставниот поредок во државата, како и гарантирање на зачувување на државните интереси. Гарантираме дека процесот на носење на одлуки за граѓаните ќе биде во согласност со владеење на право, не доведувајќи ја во потчинетост Македонија од старан на  друга држава. Ниту еден документ, декларација, платформа, нема да бидат услов и основа за дејствување на владата на Македонија – рече Заев, добивајќи го мандатот.

Новиот мандатар Зоран Заев, според Уставот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата.  Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Актуелното парламентарно мнозинство во 120-членото Собрание на Македонија има поддршка од 67 пратеници на коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците.

Најчитани вести