Иванов на аудиенција кај папата Франциск

Во рамки на посетата на Државата Ватикан и на Италијанската Република, претседателот Ѓорѓе Иванов денес ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост папата Франциск. Тој исто така ќе оствари средба со Државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.

Сопругата на претседателот Маја Иванова ќе ја посети детската болница „Бамбино Џезу“ која остварува соработка со Клиниката за детски болести од Скопје.

При посетата на Италијанската Република, претседателот Иванов ќе има средба со претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела.