Иванов на бизнис-форум во Подгорица

Претседателот Иванов на бизнис-форум во Подгорица
Претседателот Иванов на бизнис-форум во Подгорица

Претседателот Ѓорге Иванов во рамки на официјалната посета на Црна Гора денеска во Подгорица заедно со својот домаќин, црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, ќе се обрати на отворањето на бизнис-форум на кој ќе учествуваат претставници на околу 45 компании од двете земји.

Целта на форумот е да се претстават можностите за инвестирање во Македонија и јакнење на економската соработка, која поради лошата инфраструктурна поврзаност не е на високо ниво, како што е политичката соработка меѓу Македонија и Црна Гора.

На бизнис-форумот ќе учествува и министерот за странски инвестиции Бил Павлески, како и претставник од претприемаштвото што е во согласност со програмата на претседателот Иванов –  во составот на официјалната делегација на РМ во странство да има млади претприемачи од мали и средни бизниси кои се иновативни и нудат квалитетни производи и услуги