Иванов: На дело покажуваме како се работи за Македонија!

Претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов на вечерашниот мититнг во Свети Николе потецираше дека неговиот труд заедно со помошта од ВМРО-ДПМНЕ е насочен кон подобрување на животот во Македонија.

„Програмата со која излегов во 2009 година да ја барам вашата доверба целосно е остварена, дури има и работи кои не беа предвидени, а се реализирани. Посветено работев овие 5 години. На средбите со шефовите на држави, премиери, претседатели на парламенти, шефови на дипломатија, странски државници, високи претставници на меѓународни организации, верски лидери, работев на отварање можности за македонската економија, з аподобар живот на граѓаните на Македонија, истакна кандидатот за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија”, Ѓорге Иванов пред граѓаните на Свети Николе.

Но, тој додаде дека во се што правел не бил  сам.

„И оддавам големо признание на Владата за вложените напори, бидејќи покажавме како се работи како тим, како тим за Македонија. Како тим успеавме да се исплати половина милијарда евра субвенции за земјоделството, донесени се речиси две милијарди евра странски инвестиции, спроведени се реформи во речиси секоја област, просечната пензија е зголемена за 62 отсто. Се работи за обезбедување достоинствен живот за пензионерите, бидејќи тоа го заслужуваат, тоа е нивно дело, за тоа работеле целиот работен век. Минатата година 85 пензионери од Свети Николе претстојувале на бесплатна бањско-климатска рекреација, годинава таа можност ќе ја користат уште 66 корисници на пензија“, истакна Иванов.

Подвлече дека како претседател на Македонија имал одлична соработка и со извршната и со законодавната власт и со одговорните луѓе на бројни државни институции.

„Затоа доаѓаат успесите. Со заедничка работа се се постигнува. Обезбедивме визна либерализација за нашите граѓани да можат слободно да патуваат низ државите на Европаската унија. Ја внесовме Македонија во гасоводот Јужен тек, обезбедивме нови странски инвестиции, се отворивме кон нови пазари и создадовме нови можности за македонската економија. Од соработката со Кина произлегоа и првите конкретни резултати меѓу кои и изградбата на автопатот Миладиновци-Штип, рече Иванов и додаде дека кога ќе се направи новиот автопат граѓаните на Свети Николе до Скопје ќе стигаат за само половина час, градот ќе стане значаен транзитен центар за централна и источна Македонија, а со тоа ќе заживее стопанството и ќе се отворат услови за нови работни мест“а, додаде Иванов.

Иванов пред светиниколчани рече дека се враќа оптимизмот и вербата дека може да се биде успешен не само во Скопје, туку и во Свети Николе и во сите помали населени места.