Македонија

Иванов на инаугурација на Ердоган

Иванов на инаугурација на Ердоган

Претседателот на Ѓорге Иванов денеска во Анкара ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

На инаугурацијата се присутни 93 странски делегации, претседатели на држави, претседатели на парламенти, премиери, министри, кралски семејства и претставници од меѓународни организации.

Новоизбраниот претседател на Турција, досегашниот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска официјално ќе биде инаугуиран за шеф на државата.

На функцијата премиер ќе го замени новиот лидер на владејачката Партија на правдата и развојот, Ахмет Давутоглу.