Иванов на комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница

Иванов на комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе престојува во посета на Босна и Херцеговина, каде што ќе присуствува на комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница.

Според програмата, македонскиот претседател ќе присуствува на главната комеморација во меморијалниот центар во Поточари, каде што ќе се обратат претседателот на организацискиот одбор „11 Јули 1995“ и  градоначалник на Сребреница  Ќамил Дураковиќ, како и други официјални претставници, и ќе биде претставенa изложбата „Сребреница – Поточари 1995 – 2015“.

На комеморацијата во Сребреница, најавено е присуство на голем број делегации и политички претставници од регионот и од светот.

Претседателот Иванов, пред 5 години, присуствуваше на одбележувањето на 15-годишнината од злосторството во Сребреница.