Иванов на Курбан-бајрам во џамијата во Шуто Оризари (ФОТО)

По повод големиот муслимански празник Курбан-бајрам, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ја посети џамијата во општина Шуто Оризари, каде присуствуваше на утринската молитва и на верниците муслиманиим го честиташе празникот.

„Сакам на сите муслимани да им го честитам големиот празник Курбан-бајрам. Ова е празник кога треба да им се помогне на сите кои им треба помош, да им се даде утеха на сите што им треба утеха, да се биде солидарен, и да се помагаат луѓето меѓу себе во добрите дела. Им посакувам тоа што го прават овој ден, да го прават во текот на целата година“, рече претседателот Иванов.

Во духот на нашата традиција, да се почитуваме меѓу себе, да ги почитуваме нашите разлики, да ги почитуваме нашите обичаи, и да бидеме сплотени заедно како што биле нашите предци и нашите родители, порача македонскиот претседател.

Пратеникот Амди Бајрам, на сите Роми и на сите муслимани им го честиташе празникот Курбан-бајрам, посакувајќи им среќа и во убава атмосфера да го поминат денешниот празник.

иванов5

иванов3

иванов2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.