Иванов на МТВ: Проблемот со името е наследен

Економски просперитетна држава, со голем број отворени работни места во технолошко индустриски зони како и поголем број на инвестиции очекува претседателскиот кандидат на коалицијата За подобра Македонија, Ѓорге Иванов кој учевстува на вечерашната дебата на претседателските кандидати, која се емитува на националниот сервис. Тој исто така истакна дека за пет години ја гледа Македонија на прагот на ЕУ и НАТО.

Во однос на решението на спорот за името со Грција, Иванов истакна дека тој проблем е наследен од минатото.

„Проблемот со името го наследивме во минатото, многу време е потрошено во конфузија. Треба терминолошки прецизно да се одреди името. Практично нема преговори со Грција за нивен проблем со нашето име. Никогаш не сме преговарале, за име не се преговара. Во минатото, е дозволено процесот да се шири некој дозволил и Грција да има исклучителна позиција во однос на овој проблем. Се согласувам на  решение кое не задира во нациналниот идентитет, јазик и модел на соживот.Не прифаќам промена на Уставот и бараме решение.Успеваме 18 членки на ЕУ да затснат зад нас,“ одговори Иванов на прашањето за решавање на спорот со името.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.