Иванов на одбележување 25 години од основањето на Европската академија на науките и уметностите

По повод 25 годишнината од основањето на Европската академија на науките и уметностите претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во работна посета на Салцбург, Република Австрија.

Во рамки на посетата, Кабинетот на претседателот соопшти дека Иванов ќе оствари средба со австрискиот колега Хајнц Фишер и ќе има обраќање на свеченоста по повод одбележувањето на 25 годишнината од Европската академија на науките и уметностите.

Претседателот Иванов беше инаугуриран во заштитник на Европската академија на науките и уметностите во март 2012 година.

Европската академија на науките и уметностите е формирана во 1990 година во Салцбург со цел да придонесе кон позитивниот развој на општествата и културите во Европа преку интердисциплинарни и наднационални дебати за суштинските проблеми на европско тло и низ пионерска интелектуална улога. Во ЕАНУ членуваат 1200 научници, истражувачи, филозофи и уметници, меѓу кои 29 добитници на Нобеловата награда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.