Иванов на одбележување на 10-годишнина од загинувањето на Трајковски

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во посета на Босна и Херцеговина, по повод одбележувањето на 10-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата.

Вечерва, на Јахорина, претседателот Иванов ќе оствари средба со членовите на Претседателството на Бoсна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, Небојша Радмановиќ и Бакир Изетбеговиќ.

Утре, претседателот Иванов во Ротимље ќе присуствува на одбележување на 10-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател, Борис Трајковски, и членовите на делегацијата.

Свои обраќања на одбележувањето во Ротимље ќе имаат претседателот, Ѓорге Иванов, и претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ.

Претседателот Иванов ќе ја предводи државната делегација на Македонија, што ќе положи венец на спомен-обележјето во Ротимље. Во државната делегација на земјава е и министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

На одбележувањето во Ротимље ќе присуствуваат и претставници на Армијата на Република Македонија и на властите од Босна и Херцеговина.