Иванов на отворањето на Демирхисарско културно лето

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на одбележувањето на 1.100 годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски, денеска присуствуваше на свеченото отворање на „Демирхисарско културно лето 2016″, кое се одржа во комплексот на манастирот „Св. Јован Претеча” во село Слепче.

slepce (7)

Во рамки на денешната манифестација беше претставена богата културно – уметничка програма,  сценско – драмски адаптации, поетски читања, фолклорни настапи, актерски претставувања, хорско пеење, како и беседа по повод 1.100 годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски.

slepce (3)

Македонскиот претседател присуствуваше и на свечената aрхиерејска литургија која се одржа во слепчанскиот манастир, по повод православниот празникот Иванден – раѓањето на Свети Јован Крстител.

slepce (11)

1.100 годишнината од упокојувањето на светиот Климент Охридски во Република Македонија годинава се одбележува со богата програма на активности и културни настани. Претседателот Иванов, заедно со МАНУ и Универзитетот „Св. Климент Охридски” од Битола, е носител на чествувањето на овој јубилеј посветен на животот и делото на големиот македонски просветител.

slepce (2)