Иванов на Самит на претседатели на „Брдо-Бриони процесот“ во Будва

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов учествува на Самитот на претседатели на процесот Брдо – Бриони кој се одржува во Будва.

Проширувањето на Европската унија, инфраструктурните проекти и енергетската безбедност се дел од клучните теми на годинешниот состанок на лидерите на „Брдо-Бриони процесот“.

Предвидено е претседателот Иванов да учествува на работната вечера на земјите членки на „Брдо-Бриони Процесот“, да има обраќање на пленарната сесија на Самитот и да оствари средби со претседатели од регионот.

На состанокот, покрај претседателот Иванов ќе учествуваат и претседателите на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на Австрија, Хајнц Фишер, на  Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ, на Словенија, Борут Пахор, на Србија, Томислав Николиќ, на Албанија Бујар Нишани, на Kосово,  Атифете Јахјага, како и претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина,  Младен Иваниќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.