петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Иванов на Самит за поддршка на Сирија и регионот

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе има обраќање на Самитот за поддршка на Сирија и регионот.

ivanov

Последни вести

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе има обраќање на Самитот за поддршка на Сирија и регионот.

Самитот денеска се одржува во Лондон, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, а неговата цел е создавање фондови и обезбедување помош од меѓународната заедница за обновување на Сирија, како и поддршка на државите кои се особено погодени од бранот на бегалци и се крајна цел на бегалците. Се очекува учесниците на самитот да постигнат согласност со цел помош на цивилното население во Сирија, да се изнајдат економски можности за обезбедување работни места за бегалците, како и еднаков пристап до образовниот систем за децата – бегалци. Крајната цел, според најавата на организаторите, е да се намали приливот на бегалци кон европските земји.

Домаќин на конференцијата е премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон во заедничка соработка со емирот на Државата Кувајт, Ал-ахмад Ал Јабер Ал-Сабах, канцеларот на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, премиерот на Кралството Норвешка, Ерна Солберг и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

На самитот е најавено учество на лидерите на повеќе од 70 држави од светот, претставници на ОН, меѓународни и регионални организации и од невладиниот и од приватниот сектор.

Најчитани вести