Иванов на средба со Бан Ки-мун и обраќање пред ОН

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре доцна навечер по македонско време, ќе се обрати пред Генералното Собрание на Обединетите нации.

Претходно, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, утре околу пладне по американско време, Иванов ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.

Се очекува Иванов во своето обраќање, да се осврне на можностите за деблокада на македонските евро-атлански интеграции.

Иванов ова прашање го постави и пред Советот за безбедност на Обединетите нации, во своето обраќање во средата.

Согласно фокусот на климатските промени годинешното заседание на Генералното собрание, најавено е дека Иванов ќе посвети дел од своето обраќање и на ова прашање, како и на постигнувањето на милениумските развојни цели.