Иванов на средба со жителите на општина Кисела Вода

Кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорге Иванов денеска ја посети општина Кисела Вода, при што се сретна со жителите на населба Драчево, село Драчево и населба Кисела Вода.

На средбите со граѓаните од општина Кисела Вода, како што соопштуваат од неговиот штаб, Иванов се заблагодари за поддршката во првиот круг од претседателските избори и повика на масовна излезност во вториот круг.

Пред жителите на општина Кисела Вода, Иванов ги претстави своите програмски цели, меѓу кои Македонија како економски силна и развиена држава, која обезбедува иднина за младите и можност за работа.

Жителите на општина Кисела Вода ја изразија својата поддршка на политиките на  Иванов и му посакаа успех на престојниот втор круг од претседателските избори.

Во рамки на посетата на Драчево, Иванов го посети локалниот пазар, како и Споменикот на бранителите.