вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 3

Иванов на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Турција, каде ќе учествува на Светскиот хуманитарен самит што се одржува во Истанбул, во организација на Обединетите Нации.

ivanov-turcija

Поврзани вести

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Турција, каде ќе учествува на Светскиот хуманитарен самит што се одржува во Истанбул, во организација на Обединетите Нации.

Светскиот хуманитарен самит се одржува по прв пат, а претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, ќе има свое обраќање на пленарната сесија на тема „Политичкото лидерство во превенирање и решавање конфликти“ и ќе учествува на лидерскиот сегмент, заедно со останатите шефови на држави и влади.

На Светскиот хуманитарен самит е најавено учество на околу 5.000 учесници, вклучувајќи шефови на држави и влади од педесетина земји, лидери од кризните региони, раководни лица на меѓународните организации, претставници на приватниот бизнис сектор, како и претставници од граѓанскиот сектор.

Учесниците на Самитот ќе се заложат за преземање иницијативи и акции во насока на поддршка на „Агендата на хуманост“, а со цел да се овозможи полесно справување и надминување на кризните состојби во светот.

На Специјалната сесија посветена на жените и децата во регионите зафатени со криза, во рамки на Светскиот хуманитарен самит, ќе учествува и сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.

Најчитани вести