Македонија

Иванов: Како што сме сплотени во овие празнични денови, така да бидеме цела година

Иванов: Како што сме сплотени во овие празнични денови, така да бидеме цела година

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска присуствуваше на Светата велигденска литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

„Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во семејна хармонија и сложно и едниствено. Како што сме во овие празнични денови сите сплотени, така да бидеме во текот  на целата година. Да им се посветиме на нашите семејства, особено на нашите деца, да ги даруваме со многу љубов и многу радост. Христос Воскресе“, изјави Иванов по Светата велигденска литургија.