Иванов: Нашиот јужен сосед не може да не’ спречи да ја градиме Европа во Македонија

На вечерашниот митинг во Куманово, одржан за поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов за иден претседател на земјава, се обратија повеќе лидери на партии, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, премиерот Никола Груевски.

Иванов, кој вечерва повторно ја побара поддршката од кумановчани за претседател на земјава и во следните пет години, истакна дека како претседател секогаш бил со граѓаните, а како врховен командант, секогаш со војнците.

„Нема похрабри и подоблесни од македонските мировници. Македонија продолжува со ангажман во мировните мисии бидеќки цел ни е  НАТО, и  остануваме на патот до ЕУ. Куманово отсекогаш давал храбри луѓе кои не трпат неправда, давал големи херои на Македонија. Зборувам и во ваше име кога велам дека нема да прифатам промена на Уставот, со цел промена на уставното име и загрозување на македонскиот идентитет, јазик и модел на соживо. Нашиот јужен сосед неможе да не спречи да ја градиме Европа во Македонија“, истакна Иванов.

Тој ги увери своите подржувачи во неговите најважни животни принципи, искреност, чесност и верност. Истакна дека земјава денес е зрела демократија и укажа на тоа Македониј треба да се гради како дом за сите нејзини граѓани.

„Сите сме Македонија. Работиме посветенио и сложно бидејки само слога куќа гради. Нашиот дом се вика Македонија и каква Македонија градиме таква ќе ја имаме“, кажа Иванов.

На митингот, тој во својот говор потсети на постигнатиот напредок на земјава, што го постигнала владејачката ВМРО-ДПМНЕ, за поволната инвестициона клима и отворање на нови 120.000 работи места. За изградбата на училишта, автопати, технолошки индустриски зони. „Македонија успева затоа што знаеме што сакаме – успешна и просперитетна Македонија. Имам чист образ повтрорно да ја барам довербата од вас. Европа во Македонија и Македонија во Европа. Македонија како дом за благосостојба за сите“, порача Иванов од Куманово.