Иванов не го прекрши Уставот, постапил како и Глигоров во ’92

Одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов пред да го додели мандатот за состав на нова влада на нов мандатар да побара потписи од најмалку 61 пратеник не преставува преседан, ниту пак е прекршување на неговите уставни надлежности.

„По остварените консултации, сакам да ве известам дека мандат за состав на новата Влада ќе добие партијата или коалицијата која ќе ме извести и докаже дека обезбедила мнозинство во Собранието. Со други зборови – прво потврда и доказ за мнозинство, па потоа мандат за составување на Влада, во согласност со Член 90 од Уставот на Република Македонија“, рече Иванов по консултациите со партиите кои на последните избори освоија пратенички места.

Од белешките и други документи кои датираат од периодот кога Македонија се наоѓаше во слична политичка ситуација пред 25 години може да се заклучи дека Иванов . Тогашниот претседател Киро Глигоров откако првиот мандатар, тогашниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски не успеал да состави влада спровел консултации со партиите, а мандатот го дал на СДСМ откако тие го обезбеди неопходното мнозинство во парламентот.

На 14-ти јули Глигоров извршува консултации со сите поголеми партии во Собранието и им предлага да обезбедат парламентарно мнозинство, покажува белешките од кабинетот на Глигоров.

На 17-ти јули мандатот на нова влада го добива Петар Гошев по состанок на претседателот Глигоров со партии кои го сочинуваат парламентарното мнозинство СДСМ, ПДП – НДП, Реформски сили – Либерална партија, Социјалистичка партија, Партија за целосна еманципација на Ромите и „Илинден“ – Слободни демократи.

Незадоволен од кадрите кои му се предлагаат за министри, Гошев на 6-ти август по истекот од уставните рок од 20 дена го враќа мандатот.
go02

Десет дена подоцна, на 16-ти август, како што покажуваат официјалните документи, претседателот Глигоров му го врачува мандатот на Бранко Црвенковски, кој веќе има обезбедено парламентарно мнозинство.

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ за оваа одлука на Глигоров поднесува иницијатива до Уставниот суд. Судот на 4-ти јули одлучува да ја отфрли инцијативата со образложение дека претседателот е должен да го даде мандатот на партијата/ партиите што имаат мнозинство во Собранието и постапил согласно членот 90 од Уставот. Одлуката на Уставниот суд покажува дека Глигоров постапил согласно своите уставните надлежности, како и Иванов со одлуката од пред два дена – прво доказ за мнозинство, а потоа мандат.

Истиот ден во Собранието се избира новата влада, Бранко Црвенковски стапува премиер.

Настаните досега по изборите на 11-ти декември се одвиваа слично, претседателот Иванов во уставниот рок од 10 дена во периодот од 30-ти декември до 9-ти јануари врши консултации со коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ која има најголем број пратеници и предлага оваа коалиција да посочи кандидат за мандатар за состав на Влада.

По предлог на Коалицијата, Иванов на 9-ти јануари мандатот му го довери на Никола Груевски. На 29-ти јануари по истекот на уставниот рок од 20 дена Груевски не успеа да поддршка од 61 пратеник. Иванов по ова спроведе консултации и предложи пред да биде доделен мандатот да се обезбеди парламентарно мнозинство.