петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

Иванов не сака да се сретне со Хан, терминот го отстапува на „За заедничка Македонија“

Дека Иванов во својата агенда не планира средба со еврокомесарот Хан и со тројцата европратеници уште во петокот му било соопштено на амбасадарот Самуел Жбогар, велат од Кабинетот на шефот на државата.

ivanov-han

Последни вести

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, нема да оствари средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, објави „Прес 24“.

Претседателот Иванов, кој вчера престојуваше во работна посета на Унгарија, во Македонија ќе се врати доцна вечерва, при што нема можност за средба со еврокомесарот Хан.

Дека Иванов во својата агенда не планира средба со еврокомесарот Хан и со тројцата европратеници уште во петокот му било соопштено на амбасадарот Самуел Жбогар, велат од Кабинетот на шефот на државата. Претседателот Иванов своите ставови веќе му ги соопшти на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на нивната последната средба на 10 февруари 2017 година и тие остануваат непроменети.

Претседателот Иванов јасно и недвосмислено порача дека нема да определи мандат, без претходна јавна осуда и отфрлање на платформата од Тирана. Со оглед на тоа дека Претседателот нема да оствари средба со еврокомесарот Хан, од Кабинетот велат дека претседателот Иванов предвидениот термин им го отстапува на претставниците од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа средба со Хан. Добро е еврокомесарот да се запознае со аргументите и причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена, велат од Кабинетот на Иванов. Претседателот Иванов вчера престојуваше во работна посета на Унгарија, каде оствари средби со претседателот на Унгарија, со премиерот и со претседателот на унгарскиот Парламент.

Најчитани вести