Иванов: Нема да потпишам штетен за земјата личен договор на Заев и Димитров

Нема да легализирам политички дивоградби и лични договори, Македонци чувајте го вековниот идеал на непокорот, порача во средата попладнето македионскиот претседате Ѓорге Иванов во своето обраќање до нацијата откако претходно првпат на увид му беше доставен постигнатиот договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев односно Алесксис Ципрас коишто во вторникот објавија дека постигнале договор со кој ќе се промени името на Република Македонија, вклучително и уставни реформи.

Во теелвизиското обраќање до граѓаните, шефот на државата рече дека со договорот што вчера беше постигнат и објавен меѓу Заев и Ципрас се напуштени државните позиции за неменување на Уставот и неприфаќање име за севкупна употреба. Смета дека е штетен и како таков единствен во историјата на човештвото, со кој се крши Уставот и законите, недостоинствен и донесен нетранспарентно.

„Владата не смогна сила и храброст за да изградиме заеднички став и консензус. Целиот процес беше нетранспарентен за што сведиочи крајниот резултат. Текстот е поразителен за Република Македонија“, рече Иванов појаснувајќи дека не се менува само уставното име, туку и преамбулата на Уставот и сите негови членови каде се спомнува Република Македонија.

На средбата со премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров, рече Иванов, им кажав дека ова е нивен личен договор, нивна лична одлука и нивна одговорност.

„Овој личен договор е напуштање на досегашните позици, а кои беа потврдени на досегашните лидерски средби, дека нема да има менување на името за севкупна употреба. Ваквиот штетен договор кој е единствен во човештвото е неприфатлив и недостоинствен. Со него се рушат државните институции. Нема да легализирам политички дивоградби. Целиот процес се одвиваше нетранспарентно. Текстот на договорот е поразителен за РМ. Со него не се предвидува само промена на уставното име, туку промена на преамбулата. Дали е тоа патриотизам, дали е патриотизам биршење на членот за заштита на малцинствата? Дали е достоинствено да се прифатат сите грчки барања, нема гаранции за македонската страна, се отвараат повеќе проблеми отколку што се затвараат“, рече Иванов.

Рече дека Грција ги исполнила своите максималистички барања и сега преку договорот сака да го направи на Македонците во Македонија истото што им го направи на Макдонците во Грција.

„Го повикувам македонскиот народ да не се плаши. Чувајте го, негувајте го нашиот вековен идеал на непокорот. Нема да ме поколебаат со притисоци, уцени и закани. Нема да поддржам ваков штетен договор“, порача Иванов.

Праша дали е достоинствено да се прифатат сите грчки барања и ултиматуми, додавајќи дека со овој договор се отвораат повеќе прашааа отколку што се затвораат и смета дека тој ќе предизвика несогледливи последици за Македонија и македонскиот народ. ЕУ и НАТО, рече Иванов, не смеат да бидат алиби за штетен договор и тој не го обединува општеството, туку дополнително го поларизира.

 

„Се погазува заветот на нашите предци, оние кои со чисто срце го создаваа вековниот стремеж на нашата една и единствена Македонија. Се брише историјата за независна Македонија. Им се ускратува правото на неродените да бидат Македонци. ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор. Ваквиот договор го поларизира наместо да го обединува општеството“, истакна Иванов.

Шефот на македонската држава оцени дека преку договорот Грција добила сѐ, а Македонија ништо.

 „Грција успеа да си ги исполни максималистичките барања, се деградираат стекнатите права во ОН и се погазува заветот на нашите предци. Се погазува 73-годишното право на самоопределување и 27-годишната  независност. Погазено е сѐ што е свето за Република Македонија“, истакна Иванов.

На крајот во своето обраќањето до јавноста Иванов повтори дека нема да поддржи и потпише, како што рече, ваков штетен текст на договор.