Иванов: Нема да прифатам идеи и предлози кои ќе го загрозат македонскиот идентитет

Да ја сакаш Македонија значи посветено да работиш за неа. Да не се обесхрабруваш кога те омаловажуваат и да продолжиш да работиш за државата. Да ја сакаш татковината значи државата да е пред се, Македонија да е пред се. Македонија се сака со дела, истакна Ѓорѓе Иванов, кандидатот за претседател на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Штип.

Ги посетив сите населени места низ Македонија, илјадници граѓани. Ги гледам нашите граѓани и предизвиците со кои се соочуваат, но и надеж и верба дека во Македонија може да се успее. Граѓаните веруваат дека Македонија може да биде убаво место за живеење бидејќи знаат да направат разлика, истакна Иванов пред штипјани.

Тој посочи дека досега Македонија многу постигна бидејќи имаше единство и дека институциите во Македонија можат да соработуваат, а не да се конфронтираат.

„Кога остварувам средби со странски државници тоа го правам со вашиот глас, кога ги застапувам интерeсите на државата тоа го правам со вашиот глас. Кога велам дека не прифакам промена на Уставот со цел промана на уставното име тоа го правам со вашиот глас. Нема да прифатам идеи или предлози кои ќе го загрозат македонскиот национален идентитет. Се што правам, правам за Македонија и со чист образ доаѓам повторно да ја барам довербата од вас,“ потенцираше Иванов.

Тој образложи дека има програма на континуитет. Македонија да биде еконимски силна и развиена земја, членка во ЕУ и НАТО, Македонија каде младите ќе имаат квалитетно образование, успешно замјоделство, земја во која се негува вековна традиција на соживот и прифакањето на сета различност наследена од нашите предци, Македонија солидарна држвата, сето тоа го има во мојата програма.

„Некои заговарат дека нема медиумска слобода, дека немало право јавно да се искажат ставови. Нека не бараат подалеку, видете само од почетокот на кампањата што се кажаа за мене без минимум јавна пристојност и без аргументи. Но за жал кога се настапува без идеја, без став, без решенија за конкретнио предизвици, тоа го прават оние што нема што да понудат за да ја добијат довербата кај народот. Тие практикуваат само лични дисквалификации. Покажете кои се вашите решенија, проекти и визија за Македонија. За жал не видовме ништо. Кога противникот не нуди конкретни решенија, нема визија,“ истакна Иванов.

Не се криев од народот и во добро и во лошо, рече кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, секогаш ги бранев државните интерси и секогаш бев тука за сите вас.

„Патот што го поминавме овие 5 години го трасиравте вие, тоа е вашиот пат кој покажа дека има разлика. Тоа е патот по кој ќе одат и нашите деца, патот кон успешна и богата Македонија,“ рече Иванов пред штипјани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.