Иванов: Нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име

На патот на Македонија кон Европа се соочуваме со блокада од јужниот сосед кој веќе две децении нè уценува и бара од нас да се откажеме од сопствениот идентитет, рече претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорге Иванов на митингот што вечерва се одража во Прилеп.

„Како претседател, нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Нема да дозволиме Република Македонија и македонските граѓани да бидат обезличени! Македонските граѓани сами одлучуваат за своите клучни национални прашања. Никој, освен македонските граѓани, нема право да одлучува за името на нашата татковина Македонија. Никој освен македонските граѓани нема право да одлучува за иднината на Македонија“, рече Иванов нагласувајќи дека за секое решение ќе се изјаснат македонските граѓани на референдум.