Иванов: Независно од прашањето за името, ЕУ да дозволи почеток на преговорите

Земјите членки на Европската унија, независно од прашањето за името, треба да и дозволат на Македонија да ги почне преговорите за членство во Унијата. Ова го истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на денешната средба со генералниот директор на Обединетите нации во Женева, Мајкл Милер, пренесе МИА.

Република Македонија предолго е блокирана во евроатлантските интеграции, што создава тензии во политичкиот живот и меѓуетничките состојби во земјата, посочи Иванов.

Во тој контекст, како што јавува МИА, на средбата биле разменети и најновите информации околу процесот за решавање на прашањето за името, при што претседателот Иванов посочил дека е потребна засилена активност од страна на ОН како покровители на процесот и изразил надеж дека јужниот сосед ќе покаже поголема конструктивност во однос на воспоставување на политичкиот дијалог со цел подобро разбирање и надминување на билатералните разлики.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.