Иванов: Ние не бараме изговори, туку нудиме решенија за проблемите

Како Претседател на Македонија бев глас на секој македонски граѓанин, глас на државното единство, заедништво и патриотизмот. Со вашиот глас од Македонија создаваме економски силна и развиена држава во која доаѓаат нови инвестиции, се градат нови фабрики и се отвораат нови работни места. Со вашиот глас, ја отвораме Македонија кон Европа и светот, ја вклучуваме Македонија во европските и светски патни и енергетски коридори, истакна Ѓорѓе Иванов, кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата пред граѓаните на Пробиштип

„Со вашиот глас ја промовираме Македонија како културна татковина на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Со вашиот глас, велиме „не“ на секој обид да се негира нашиот идентитет. Сум рекол и повторно ќе речам: Не прифаќам промена на Уставот со цел да се промени  уставното име – Република Македонија. Не прифаќам идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, и македонскиот модел на соживот. Народот го има и првиот и последниот збор за ова прашање, посочи Иванов.

Тој побара од граѓаните на Пробиштип доверба за нов мандат, за , како што порача,  да се продолжи стратегијата за економски силна иразвиена Македонија, Македонија членка на Европската унија и НАТО, земја  отворена кон светот,  напредна земјоделска земја и земја во која младите ќе можат да добијат квалитетно образование, работа и услови да формираат семејства и да имаат потомство.

„Ете таква Македонија ќе градиме бидејќи знаеме каде одиме и што сакаме. На дело покажуваме дека во оваа земја може да се живее добар живот. Заедно со вас, со вашиот глас да ја водиме Македонија во просперитетна иднина. Ние не бегаме од предизвиците, туку се соочуваме со нив. Ние не бараме изговори, туку нудиме решенија на проблемите. Ние не даваме лажни ветувања, туку конкретни, реални, остварливи програми и проекти“, истакна Иванов .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.