Иванов: Ниту еден акт не може да ја доведе државата во подредена состојба

Ова е чекор кон надминување на состојба која трае повеќе од две и пол години. Меѓутоа, со денешниот ден создаваме преседан за идните мандатари да не бидат уценувани, да не бидат условувани, да не бидат под притисок за прашања за кои не може да се разговара, истакна Претседателот Ѓорге Иванов во денешното гостување во Телевизијата Канал 5.

Вели дека тоа се прашањата кои се дефинирани во Уставот и кои ниту една партија не може да ги доведе во прашање.

-Тоа се: унитарноста на државата, територијалните интегритет, суверенитет, независноста на државата. Ниту еден акт не може да ја доведе државата во подредена состојба, посочи Претседателот.

Според него, денешната изјава на Зоран Заев ќе биде позитивен случај за сите идни мандатари за да не бидат уценувани.

-Некогаш ваквите моменти претставуваат и релаксирање на политичката состојба која гледате до каде е дојдена, рече Иванов.