Иванов од Берово: Невработеноста во Македонија опаѓа и ќе продолжи да опаѓа

Во Берово сум доаѓал и како професор и како претседател. Во Берово еднаш кога ќе дојдете повторно и повторно доаѓате, затоа што Берово знае како дa ве прими, со своето гостопримство со својата љубезност, со својата кујна и со својата традиција. Затоа минатата година во Берово ги донесов сите дипломати  тие да го почувствуваат беровското гостопримство, рече актуелниот претседател и кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат Ѓорге Иванов на синоќешниот митинг во Берово.

„Во Берово имам и пријатели малдите иноватори, ги гледам секоја година на саемот за иновации Макинова. Во Берово има млади спосбни луѓе кои создават иновации, креативни и иновативни луѓе кои се гордост на Берово“, рече Иванов.

Иванов истакна дека во Берово се создаваат услови за сите млади луѓе да останат и да жиеват во Берово и да не го напуштаат како во минатото. Додаде и дека се планира индустриска зона во Берово и дека се развива зимскиот туризам, дека се планира изградба на ски-петека и се создаваат услови беровчани достојно да живеаат во нивното родно место.

„Затоа работевме заедно, со премиерот, со минстрите, со пратениците и градоначалниците, се псоветивме на земјоделието, на индустријата, на образованието, спортот, културата за секаде да има успех во Македонија. Но сите субвенции кои беа дадени во земјделството, само минатата година со извоз на земјоделски производи достигаа 500 милиони евра. Се што беше вложено во спортот, спортистите ни враќаат со учество на меѓународни натпревари и не прават горди кога ги гледаме како победуваат. Нашите пејачи исто така не прават горди, нашите актери исто така, но и нашите научници, и нашите бизнисмени кога создаваат производи по кое е претпознатлива Македонија. Тука бев на овој плоштад да ги видам сите производи што ги создава беровскиот крај. И квалитетниот мед и познатото квалитетното беровско сирење, и беровскиот компир и сите специјалитети што ги нудат беровчани по кои се претпознатливи. Секој крај си има своја специфичност, а Берово, токму по тоа е претпознатливо. И затоа доаѓаат луѓето да го видат, да го посетат Берово“, посочи Иванов.

Истакна и дека во услови на голема економска криза кога многу економии тешко се справуваа со предизвиците, од 2006 година во Македонија дојде еден млад тим предводен од Никола Груевски.

„Тогаш се вратија наши успешн луѓе од меѓународни институции и меѓународни корпорации, се вратија да помогнат на Македонија, дури имаме и син на иселеник кој се родил во Америка Џери Наумоф кој дојде да биде минситер во Владта на Груевски за да се привлакуваат странски инвестиции и да се дава пример дека треба успешните да се враќаат во Македонија“, истакна Иванов.

Тој додаде дека Македонија има нов лик, а тoa е Македонија во која се градат автопатишта, фабрики и се отвараат нови работни места.

„Некои зборуваат за нови лица во Македонија. Јас ќе кажам Македонија има нов лик. Македонија во која што се градат автопатишта, Македонија во која што се градат фабрики, Македонија во која што се привлекуваат странски инвестиции, кој создава производи со брендот Македонија. Тоа е успешна Македонија. Но до сето тоа да се дојде мораше да се спроведат многу реформи. Мораше многу закони да се изменат, да се носат закони. Мораше да се оди по многу дестинации во светот, да се убедуваат бизнисмените да доаѓаат и да инвестираат во Македонија. Е, тоа е новото лице на Македонија, за кое што требаше многу труд, многу посветеност, но и државно единство, со ист глас да се збори и од претседателот и од премиерот, и од министрите. Еден глас да се слуша од Македонија. Тоа е Македонија која успева. Затоа ја барам повторно довербата од Вас“, посочи Иванов.

Додаде дека пет години бил гласот на сите граѓани на Македонија и дека во изминатите години посветувал внимание на секого во Македонија.

„Многу работи правев, во многу работи помагавме. Но не сакавме за тоа да се знае. Не воспитале дека тој што дава треба да заборава, а тој што прима треба да памти. Многу работи направиме и тука во Берово за децата кои што беа згрижени во Домот. Направивме многу работи со децата од аутизам, ги собрав, бидејќи денес е денот на аутизмот и на нив да им посветиме внимание. Прв пат во Кабинет на Претседател ги отворивме вратите со мојата сопруга да дојдат родителите и децата да видат дека некој мисли на нив. И каде и да одевме баравме помош и поддршка, донации, но и совети, за тие родители кои навистина им е тешко со такви деца. Да видат дека не се осамени. Дека некој мисли на нив“, истакна тој.

Иванов истака и дека постојано се води грижа за социјално загрозените лица и нагласи дека во Берово се изградени станови за тие лица.

„Така се сака Македонија. Се мисли за секој, не само за себе и за своите. Македонија има големо срце и тоа го покажува, преку своите луѓе. Затоа мислиме и за земјоделците и за стечајците, и за рударите, но и за професионалните војници и за нив најдовме решение. Наоѓаме за секоја категорија граѓани начин како да им помогнеме“, рече Иванов пред беровчани.

Но, како што нагласи, сето тоа е благодарение на растот на економијата.

„Во услови на најголема криза во Македонија економијата расте за оваа година беа предвидени 3,3% пораст на бруто домашниот производ, а гувернерот дека има 3,7%. Значи кога многу економии опаѓаат, нашата економија расте. Но треба уште да расте, затоа што многу години се работело недомаќински. Многу можности биле испуштени, многу инфраструктурни проекти кои што требало во минатото да се прават, не биле направени. Но сега сме посветени сето тоа да го надокнадиме. И повторо да расте економијата. Оти кога расте економијата, се расте во државата. Растат и платите и пензиите, и субвенциите и стипендиите, се расте, а опаѓа невработеноста. Од 39% невработеност во Македонија се симна на 28 отсто. Невработеноста опаѓа и ќе продолжи да опаѓа. Затоа се што беше создадено, сега ги дава резултатите. Во индустриските зони, повеќе од 7 илјади луѓе се вработија само оваа година. До крајот на годината 14 илјади. Нема место каде што не се создаваат парцели за да можат да доаѓаат странски инвеститори, но и нашите инвеститори под исти услови да создаваат нови работни места. По тоа се мери денес политиката. Политиката не се мери по убави зборови, по празни ветувања, политиката се мери по бројот на отворени работни места“, посочи Иванов.

Околу 120 илјади работни места посочи, се отворени кога дојдоа ВМРО-ДПМНЕ на власт.

„Затоа ги поддржувам, затоа стојам зад нив, и затоа обезбедувам политичка поддршка за секој нивен проект кога одам да ги посетам другите земји. Секогаш со мене носам или некој министер, носам бизнисмени со мене. Да го промовираме новиот амбиент на Македонија. Дека Македонија станува дестинација за успех, земја во која се успева, во најтешки услови. И затоа ќе успееме“, порача Иванов од говорницата во Берово.

Нагласи дека се што е поставено како цел ќе биде остварено и дека Македонија учествува во секоја мировна мисија во која е поканета, додавајќи дека Македонија ги има највисоките стандарди на нашите војници официри.

„Еднаш кажав и ќе повторам – што е наше ќе си дојде. Но ние да сме посветени, обединети и да имаме еден глас надвор од Македонија. Да имаме државно единство и сите институции заедно да работат и да функционираат за доброто на граѓаните на Македонија“, заклучи Иванов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.