Иванов од Конче: Со уште поголем интензитет ќе се залагам за развој на државата

Во пресрет на вториот изборен круг, кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов денеска ја посети општина Конче, каде оствари средба со жителите на оваа општина.

Пред жителите на Конче,  Иванов се заблагодари за огромната поддршка и излезноста од 74 отсто во првиот круг и ги повика граѓаните на 27 април, во уште поголем број да излезат на гласање и да го остварат своето демократско право.

На средбите, Иванов посочи дека го радува фактот што граѓаните во изминативе години ја воочија разликата и уште еднаш ги повика да изберат дела и резултати, и да гласаат за програма со реални обврски,  која нуди перспектива за сите граѓани во државата.

PRM_3517

Иванов порача доколку повторно ја добие довербата со уште поголем интензитет  ќе се залага за севкупен развој на државата, со цел обезбедување на стабилна и економски безбедна иднина на младите генерации.

Исто така, Иванов порача дека ќе се залага Македонија да биде и напредна земјоделска земја и дека и во иднина во соработка со Владата и локалните власти ќе ги поддржува сите проекти со цел подобрување на квалитетот на живот во руралните средини.

Жителите на Конче во разговорите со  Иванов изразија задоволство од досега реализирани инвестиции во рамки на општината и ги поздравија предвидените проекти во новата изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Во таа насока, жителите ја поздравија реконструкцијата на локалната патна инфраструктура, како и реконструкцијата на регионалниот пат Радовиш-Конче-Лубница. Воедно, беше изразено задоволство од исплатените субвенции за развој на земјоделството, од инвестициите во урбанизмот, како и од изградбата на основни училишта.

Во рамки на посетата на општина Конче, Иванов ја посети локалната џамија и манастирот „Св. Стефан“.