Македонија,Политика

Иванов: Од Прилеп продолжуваме кон победа затоа што изборот е Македонија

Иванов: Од Прилеп продолжуваме кон победа затоа што изборот е Македонија

Знаеме каде одиме, знаеме што сакаме. Ве повикувам сите вас, сите граѓани, рече во својот говор претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорге Иванов на вечерашниот митинг во Прилеп.

„Со заедничка енергија побргу да ги оствариме програмските цели што го обединуваат целото македонско општество: Европа во Македонија и Македонија во Европа! Држава и економија кои создаваат нови работни места! Македонија, дом во кој се гради благосостојба за сите! Знаеме како тоа да го направиме. Со напорна работа и со меѓусебна соработка. Претседател, Собрание, Влада, Општина, стопанство и универзитети. Од Прилеп продолжуваме кон победата затоа што изборот е Македонија! Државата пред сè! Македонија пред сè!“, рече Иванов пред прилепчани.