Иванов: Патот до браната Речани е во завршна фаза

Граѓаните на Кочани на изборите дадоа поддршка за програма и проекти кои се реални, остварливи и со кои ќе се подобрат условите за живот на сите граѓани во Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Иванов

Еден од таквите капитални проекти е изградбата на браната на Оризарска река со придружни објекти и акумулација. Веќе е склучен договор и е во фаза на завршување пристапниот пат кој е во вредност од 3 милиони евра. Целокупната вредност на проектот е проценета на ококу 33 милиони евра и неговата реализација продолжува и во периодот што следи.

Со изградбата на оваа брана трајно ќе се реши водоснабдувањето во општините Кочани, Виница и Чешиново Облешево, како и ќе се овозможи наводнување на нови 1.500 хектари земјоделско земјиште.

Друг многу значаен проект за општината, но и за целиот регион е изградбата на експресниот пат Кочани-Штип. Ова ќе претставува едно современо патно решение во должина од 28 километри и ширина на патот од 12 метри со кое граѓаните ќе се поврзат со централниот дел од државата, нешто што уште повеќе ќе дојде до израз со изградбата на автопатот Миладиновци-Штип.

Патот ќе се град во две фази и тоа прва фаза Штип-Крупиште и втора фаза Крупиште-Кочани. Во декември минатата година е потпишан договор за изградба на првата фаза во должина од 13,3 километри, изведувачи ќе бидат фирмите Гранит и Бетон, а работите се очекува да започнат со почетокот на градежната сезона.

Вредноста на овој проект е проценета на околу 45 милиони евра.

Како досега, така и во периодот што следи, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде силна поддршка за вакви и слични проекти, со цел да го исполниме она што сме го ветиле во нашата предизборна програма. Ќе дадеме поддршка за проекти со кои се решаваат проблемите и се подобруваат квалитетот и условите за живот на граѓаните. Поддршка за проекти со кои Македонија ќе оди напред.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.