среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Иванов: Подобро да бидат горени моите фотографии, отколку институциите на државата

zapa-640x307

Поврзани вести

Точно е дека трпам критики поради непопуларната одлука за помилување. Мојот личен углед беше доведен во прашање. Точно е дека во неколку наврати, протестите станаа и насилни. Но, подобро е да бидат горени моите фотографии, отколку институциите на државата. Она што е за мене најважно е што не дојде до отворен меѓу-македонски судир кон кој туркаа некои вжештени глави. Затоа, сметам дека целта е постигната. Вжештените глави се оладени. Македонија е се уште безбедна, стабилна и мирна држава. Со други зборови, наметнатата игра за дестабилизација на Македонија не успеа.

Ова го истакна претседателот Ѓорге Иванов во денешното попладневно обраќање до јавноста.

Во изминативе два месеца, нагласи Иванов, секојдневно бев мета на бројни обвинувања. дека со помилувањата сум сакал да ги заштитам политичарите и дека сум пратил порака дека политичарите се недопирливи, дека се над правото и законот.

– Ме обвинуваа дека со одлуката сум покажал неодговорност. Напротив. Јас целосно ја превзедов одговорноста за мојата одлука. Слушам обвинувања дека одлуката поттикнала на протести и ги зголемила безбедносните ризици. Напротив. Од разузнавачки извори навремено бев информиран дека овие протести биле однапред планирани и подготвувани. Мојата одлука само го забрза нивното дејствување, посочи шефот на државата.

За да ги отфрли овие, според него, неосновани обвинувања, кога беа донесени измените на Законот за помилувања и кога беше создадена нова реалност, ги повлече, потсети, сите помилувања за политичари.

– Деновиве истакнуваат дека со повлекувањето на помилувањата сум признал дека сум направил погрешна проценка, дека сум го повредил Уставот и законите. Напротив. Одлуката за повлекување ја донесов затоа што, за разлика од 12 април, денеска имаме нова реалност во Македонија. Вратена е првобитната состојба. Имаме функционални институции, кои можат да се справат со сите предизвици и закани со кои се соочува државата. Наместо техничка имаме политичка влада што може да носи одлуки и да предлага закони. Собранието повторно работи и носи закони, дури и водеше расправа за предлогот за импичмент на Претседателот, рече Иванов, додавајќи дека повторно е заживеан и Договорот од Пржино, работните групи на политичките партии разговараат за решенија за политичката криза и определување на датум за избори, а безбедносните служби се под една команда и едно старешинство.

Шефот на дрќавата во обраќањето им заблагодари на припадниците на полицијата за нивниот, како што рече, професионален однос, бидејќи не подлегнаа на ниту една од мноштвото провокации на кои беа изложени, на македонските граѓани за совесното однесување и неприфаќање на насилството кон кое постојано беа, и сеуште се повикувани, како и на безбедносните служби кои навремено информираат за намерите за вршење на насилни акти. 

Штетата на туѓиот имот се пресметува во пари и алтернативни казни, но, загрозување на јавната безбедност не се случи, подвелече претседателот Ѓорге Иванов.

Најчитани вести