Иванов: Покажавме дека знаеме да работиме, а тоа не’ исполнува и мотивира

Во изминатиот период покажавме дека знаеме да работиме, а тоа не’ исполнува и мотивира, рече попладнево актуелниот претседател на Македонија и кандидат за претстојните парламентарни избори, Ѓорѓе Иванов, пред големиот број приврзаници на митингот во Струга.

Иванов зборуваше за своите главни приоритети на Македонија, а тоа се влезот на земјата во Европската унија и НАТО, економската благосостојба, зголемување на вработеноста и поголем број на инвестиции во земјава, како и тоа Македонија да стане дом за сите граѓани и подобро место за живеење.

„Нашата стратешка цел се ЕУ и НАТО, а како доказ за нашата работа се петте позитивни извештаи и препораки за членство во Унијата“, рече Иванов, која што потенцираше дека за време на својот претседателски мандат имал преку 450 средби со државници, премиери, претседатели, 100 посети и учества на настани, домаќин на 40-тина настани, а во неговиот кабинет дошле над 5.000 граѓани кои од претседателот побарале поддршка во решавањето на нивните лични проблеми.

Осврнувајќи се на евроатланските интерации, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека како врвне приоритет се евроатланските интеграции, но се’ уште постои блокадата од нашиот јужен сосед.

„Нема да прифатам промена на Уставот поради промена на уставното име на Македонија“, рече Иванов, кој нагласи дека нема да дозволи промена на македонскиот идентитет.

Пред големиот број симпатизери во Струга, Иванов нагласи дека сака македонската економија да биде таква што ќе создаде нови работни места.