Македонија

Иванов помилува 45 осудени лица

Иванов помилува 45 осудени лица
Иванов помилува 45 осудени лица

По повод 2. Август, националниот празник на Република Македонија, претседателот Ѓорѓе Иванов помилува 45 осудени лица.

Седум затвореници помилувани во потполност

Претседателот Иванов помилува 45 осудени лица, седум од помилуваните потполно, а 38 делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

Иванов помилува 24 затвореници пред Нова Година

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, по повод Новата 2015 година, даде помилување на 24 осудени лица од кои 3 потполно, а 21 делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор.

32 осуденици на доживотна казна затвор во Македонија

Македонските судови, од самостојноста на земјава, па до месец јули минатата година изрекле вкупно 38 пресуди со казни доживотен затвор.

Триесет и две лица веќе ги одлежуваат казните, а останатите шест се однесуваат за случајот „Монструм“ кој заврши пред десетина дена, вели во изјава за Нетпрес директорката на Управата за извршување санкции, Лидија Гавриловска.

Таа додава дека Управата води само статистички бројки за тоа за кое кривично дело колку осудени лица има, а подеталните податоци можат да се добијат од казнено-поправните установи, каде лицата престојуваат.

„Во Македонија се изречени 32 доживотни казни затвор. Сега имаме и шест нови за случајот ’Монструм’, но тие сеуште не влегуваат во оваа бројка бидејќи имаат право на жалба. Сите осуденици, на кои им се изречени вакви казни, се наоѓаат во Казнено-поправната установа ’Идризово’“, вели директорката Гавриловска.

Живко Пејковски, директорот на скопскиот затвор „Идризово“, потврдува дека 32 лица осудени на доживотен затвор се во оваа установа. Пејковски за Нетпрес изјави и дека овие лица имаат право на помилување, откако ќе одлежат минимум 15 години затвор.

„Во КПУ ’Идрзиво’ 32 лица одлежуваат доживотна казна затвор. Од нив само двајца лежат повеќе од 15 години. Ние на неколку пати сме поднеле барање до претседателот за нивно помилување, но ниеден од нив досега не е ослободен“, вели Пејковски.

Тој додава дека овие лица се сместени во затворените одделенија на затворот и ги користат сите права и погодности кои им следуваат со куќниот ред на казнено-поправната институција. Според него, со овие затвореници интезнивно се работи на нивната ресоцијализација.

„Овие лица се ресоцијализираат исто како и останатие затвореници. Тие работат во затворениот дел каде се сместени. Имаат контакти со другите осудени лица и ги користат сите права и погодности кои ги налага куќниот ред. Имаат право на посети, слободни видувања, работни ангажмани, како и шетање по часа во делокругот на затворот“, објаснува Пејковски.

 

 

Минатата година претседателот Иванов во пресрет на Денот на Републиката помилува 27 осудени лица.