четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 46

Иванов: Со помилувањата на лидерите им понудив излез од кризата

Претседателот Ѓорѓе Иванов од Софија порача дека последната одлука за повлекување на аболицијата за 22-ца политичари ја донесол во консултација со правници, пренесува МРТ.

ivanov za abolicija

Поврзани вести

Претседателот Ѓорѓе Иванов од Софија порача дека последната одлука за повлекување на аболицијата за 22-ца политичари ја донесол во консултација со правници, пренесува МРТ.

Тој вели дека при одлуките за помилување се водел од интересите на државата.

На политичките лидери им понудив решение за излез од кризата, вели претседателот Иванов и додава:

Јас на лидерите им понудив решение на кризата. Да има помирување. За сите предмети и на власта и на опозицијата да се замрзне постапката, што е овозможено и со Уставот и со законот. Нема ништо противуставно или противзаконско. Очекувам сите оние кои не се политичари, а се дел од таа листа, соглесно роковите од законот, да поднесат барања и да им се овозможи тоа што го бараат- да им се повлече помилувањето, изјави претседателот Иванов.

Иванов од Софија порача дека последната одлука за повлекување на аболицијата за 22-ца политичари ја донесол во консултација со правници.

Најчитани вести