Иванов во посета на џамијата „Јени Џамиси“ во Радовиш

По повод големиот муслимански празник Рамазан – Бајрам, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ја посети џамијата „Јени Џамиси“ во Радовиш, каде на верниците муслимани им го честиташе празникот и завршувањето на рамазанските пости.

– Ви посакувам многу радост, многу среќа и многу успех во животот. И во духот на нашата традиција, да продолжиме да се почитуваме меѓусебе и да си помагаме. Да не го правиме тоа само за време на празниците, туку во текот на целата година“, рече претседателот Иванов.

ivanov-radovis

По повод Рамазан – Бајрам, соопшти денеска кабинетот на Иванов, македонскиот претседател традиционално присуствува и на ифтарските вечери, од каде испраќа пораки дека меѓуверското и меѓурелигиското почитување е наша заедничка цел која единствено може да донесе просперитетна иднина и благосостојба за сите граѓани на  Република Македонија.