Иванов во дводневна посета на Хрватска

Иванов во дводневна посета на Хрватска

Претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга од утре ќе престојуваат во дводневна официјална посета на Република Хрватска.

Претседателот Иванов во Загреб ќе оствари средби со претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, и со претседателот хрватскиот Сабор, Јосип Леко.

Македонскиот претседател ќе ја посети Општина Ѓаково, каде што ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница и ќе присуствува на културно – уметничка програма на македонското КУД „Браќа Миладиновци“ од Хрватска.

Во делегацијата, што ќе го придружува претседателот Иванов за време на официјалната посета на Република Хрватска, е и министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.