Иванов со семејството во посета на манастирот Трескавец

Иванов со семејството во посета на манастирот Трескавец
Иванов со семејството во посета на манастирот Трескавец

Претседателот Иванов со семејството денеска го посетија манастирот Трескавец, по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица.

Иванов на сите верници и православни христијани им порача да се почитуваат традициите и да се негува она што ни е оставено од предците.

iИванов со семејството во посета на манастирот Трескавец
Иванов со семејството во посета на манастирот Трескавец

Да бидеме солидарни, да бидеме луѓе кои помагаат, бидејќи празникот е симбол на давањето и на заштитата, истакна Иванов.

Покрај пораката за негување на традицијата македонскиот претседател изрази надеж дека како генерација ќе помогнеме во обновата на овој манастир.

Како луѓе кои ги чувствуваат сите убавини на сета оваа традиција и култура, сето што ни е оставено во наследство ќе се погрижиме да оставиме за идните поколенија манастир кој доликува на неговата досегашна историја, сето она што влијаело за овој регион, а и за целиот наш народ, рече претседателот Иванов.

Иванов со семејството во посета на манастирот Трескавец
Иванов со семејството во посета на манастирот Трескавец

Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески рече дека задоволство е на овој голем христијански празник во присуство на претседателот и министерот за внатрешни работи да се биде во еден од најубавите манастири.

Иванов со семејството во посета на манастирот Трескавец
Иванов со семејството во посета на манастирот Трескавец

Честитајќи им го на верниците големиот празник, Ристески посака заедно со напорите на Владата и Министерството за култура, што побрзо да се возобноват конаците на овој манастир кој важи за еден од најубавите во Македонија и пошироко на Балканот.

Иванов со семејството во посета на манастирот Трескавец
Иванов со семејството во посета на манастирот Трескавец

Одговарајќи на новинарско прашање, градоначалникот Ристески посочи дека проектите се при крај и оти набрзо се очекува да бидат објавени тендерите, а после изборот на фирми да започне изградбата на новите конаци.

Пред две години беше направена една од најбитните работи заедно со Министерството за транспорт и врски и Владата на РМ, изградбата на асфалтиран пристапен пат до манастирот, првпат во историјата, што во многу помага на големиот број туристи, православни христијани и верници кои го посетуваа манастирот, рече Ристески. Во контекст на тоа додаде, многу ќе помогне и во идниот период во искачувањето на механизацијата и градежните материјали за изградбата на конаците од овој манастир.