Македонија,Политика

Иванов: Постигнуваме успеси бидејќи сме во контакт со народот

Иванов: Постигнуваме успеси бидејќи сме во контакт со народот

„Бев со претседатели, премиери и државници, уште повеќе бев со својот народ. Кај мене дојдоа преку 5000 граѓани.  А и јас одев самиот да ги посетам. Речиси нема град или село во Македонија кај што не сум бил.Со кавадарчани се гледам често. Свети Трифун го празнував не еднаш со вас. Ги знам лозјата што заедно ги закројувавме за бериќетна година. За многу грозје и убаво вино,“ изјави Иванов.

Тој потенцираше дека  со граѓаните освен тој, се и  премиерот и неговите министри.

„Постигнуваме успеси бидејќи сме во контакт со народот.Владата и членовите на Владата знаат каде и што треба да се направи. Нема град и село каде што не биле и не увиделе кои се потребите на луѓето. Дали е амбуланта, аптека, пат, водовод, спортска сала, училиште…Јас од првиот ден активно ги поддржував сите овие напори и во рамките на своите надлежности го помогнав нивното остварување.Претседателот соработува со Владата како што соработува со граѓаните. Тоа е нашиот стандард,“ изјави Иванов.