Македонија

Иванов: Потребен е дијалог и да се слушне гласот на студентите

Иванов: Потребен е дијалог и да се слушне гласот на студентите

Треба да се слушнат студентите, но потребен е дијалог за предизвиците во високото образование, истакна претседателот Ѓорѓе Иванов, коментирајќи ги студентските протести. Тој вели дека како претседател, но и како универзитетски професор, секогаш посветувал внимание на сите предизвици со кои што се соочуваат младите.

Од Студентскиот пленум реагираат дека не бараат отставка од министерот за образование. Стдентите бараат  во рамки на универзитетите да се дебатира за проблемите во високото образование, каде што воедно може да се слушне вистинскиот глас на студентите.

Студентите најавија дека тие нема да отстапат од нивните барања, и дека дополнително ќе го засилат студентскиот активизам, а ако е потребно повторно ќе организираат протести.