Иванов: Работиме со реални програми и даваме отчет, тоа е разликата!

Ќе има нови проекти за цела Македонија, и за вашата општина. Јас и верувам на Владата. ВМРО-ДПМНЕ верува во мене. Работиме со меѓусебна доверба, и со општините, и со граѓаните. Работиме со реални програми, и затоа даваме отчет. Тоа е разликата!

Ова покрај другото го потенцираше претседателот Ѓорѓе Иванов во Маврово-Ростуше.

Маврово е магнет за домашни и странски гости. Туризмот е иднината на овој регион. За развојот на Националниот парк „Маврово“ се предвидуваат околу 2,6 милиони евра, истакна претседателот Иванов во Ростуше и додаде дека и тој и Владата ќе помагаат во развојот на овие можности.

Иванов ги повика сите граѓани, заедно побргу да ги остварат заедничките цели, што го обединуваат целото македонско општество.