Иванов се сретна со градоначалникот на Тирана и со поглаварот на Албанската православна црква

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој престојува во дводневна посета на Албанија, попладнево се сретна со градоначалникот на Тирана, Љуљзим Баша, и со архиепискотот на Албанската православна црква, Анастасиј Јанулатос, пренесува МИА.

Иванов и Баша размениле мислења за севкупните односи меѓу двете држави, на политички и економски план, како и за европската перспектива на земјите од регионот. Констатирано е дека интеграциите ќе донесат стабилност и просперитет на земјите од регионот.

Претседателот Иванов и градоначалникот Баша разговарале и за актуелните политички и економски состојби во Македонија и во Албанија.

На архиепископот Јанулатос Иванов му пренел поздрави од поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Беа разменети мислења за актуелностите поврзани со нашата црква.

Претходно, Иванов се сретна со ретседателот Бујар Нишани, премиерот Еди Рама и со претседателот на Собранието Илир Мета.

Престојот на Иванов во Албанија утре продолжува со посета на Пустец и средби со македонската заедница.