Иванов: Се водам од три принципи-чесност, искреност и вредност

Пред пет години заедно со вашиот градоначалник влеговме во битка тој за градоначалник а јас за претсдател.  После изборите дојдов да запалиме свеќа во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и да ставиме камен темелник на камбанаријата, потоа повторно дојдов во Македонска Каменица да ставиме камен темелник на овој плоштад каде што сме денеска.

Со овие зборови актуелниот претседател и кандидат за втор мандат Ѓорге Иванов го започна митингот пред граѓаните на Македонска Каменица, потенцирајќи дека и тој самиот произлегува од земјоделско и работничко семејство и дека знае  колку е тешко да се успее.

„Ние знаеме како се чува и како се гради Македонија, работевме напорно, и градоначални и министри и јас, и затоа нашите успеси се евидентни. Секаде каде што одиме гледаме како се градат патишта, училишта, гледаме како многу млади кои сакале да ја напуштат Македонија остануваат тука, гледаме како нивните родители имаат работа, пензионерите како уживаат во нивната старост, гледаме како се обработува земјиштето, лозарите со нивните нивните нови насади, гледаме како успева Македонија, успева затоа што сме единствени и знаеме што сакаме, сакаме Македонија да успее“, порача Иванов.

Тој додаде дека Република Македонија сето тоа го постигнува во време на најголемата економски криза во Европа.

„Наша стратешка цел е да бидеме во НАТО и ЕУ и таму напорно работиме и покрај сите блокади и за тоа добивме пет позитивни извештаци за сите реформи кои ги спроведовме и за и сите закони кои ги донесовме, и пет препораки, но знеме кој е  проблемот. Ние немаме проблеми со нашиот јужен сосед, бидејќи ние знаеме кои сме“, рече Иванов пред граѓаните на Македонска Каменица.

Посочи дека Македонија учествува со најголем процент на војници од земјите кои имаат удел во НАТО, по број на жители, додавајќи дека  македонските војници се наградувани секаде.

„Во овие пет години бевме постојано на сите меѓународни настани, меѓународни конференции каде учествуваат сите земји, на сите регионални самити. Се среќавав со многу светски лидери да ја кажам вистината за Македонија. Во изминатите 5 години остварив преку 450 средби со други државници, а и Македонија ја посетуваа поддржувачите и пријателите“, истакна Иванов од говорницата во Македонска Каменица.

Тој посочи дека каде и да одел обезбедувал политичка поддршка за сите проекти кои ги правеше Владата за да може Македонија да успее, да се создадат нови работини местаи да  расте економијата.

„Кога работиме тимски и успсите се евидентни, тоа го кажуваат и потврдуваат и меѓународните институции, кажуваат дека Македонија напредува и тоа во услови на економска криза“, рече Иванов.

Успеси, како што посочи Иванов, постигнуваат и македонските спортисити кои победуваат и не прават горди, како и македонските уметници, пејачи и научници.

Иванов нагласи дека во Македонија се почитува трудот и умот, а тоа како што посочи, е земја со европски стандарди, која расте во височина.

„Во секое населено место се обновуваат патишата, се гардат училишта, болници, секаде нешто се работи, тоа е кога имаме заеднича работа со локалната власт“, истакна Иванов.

Пред граѓаните на Македонска Каменица Иванов рече дека со чист образ повторно ја бара довербата од нив.

„Пред пет години кажав дека ќе ме препознаете по моите принципи-чесен, искрен и вреден. По пет години во кажувам дека сум истиот, дека политиката не ме промени и со чист образ повторно ја барам довербата од вас“, рече Иванов.

Тој пред граѓаните порача да продолжиме да ја градиме Македонија успешна и достоинствена.

„Тоа го правиме затоа што знаме каде одиме и како да ги оствариме нашите цели. Тоа го правиме затоа што изборот ни е Македонија, државата ни е пре се, Македонија ни е пред се’“, порача Иванов од Македонска Каменица.