Иванов: Секогаш бев со моите сограѓани

Ја користев секоја можност, откако станав претседател во 2009-та година, се сретнам со моите сограѓани, рече денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на претстојните избори, Ѓорѓе Иванов.

„И јас самиот доаѓам од земјоделски крај, од Валандово. Сме живееле од напорен труд, од земјата. Никогаш нема да заборавам колку е напорно, но и  благородно да се живее од земјоделството.  2009 година станав претседател и се среќавав и со претседатели, премиери, државници, но ја користев секоја можност да се сретнам и со моите сограѓани. Во мојот кабинет примив преку 5000 граѓани. Кабинетот беше отворен за многу луѓе. Ги слушав, разговарав со нив. Имаше многумина што бараа помош. Се трудев да им помогнам во рамките на моите надлежности“, рече Иванов пред граѓаните на Росоман.

Независно дали се работи за град или за село,  културен настан или манифестација на општината, секогаш бев, рече Иванов, со моите сограѓани. Да бидеш прифатен од сопствениот народ како еден за сите, за мене претставува чест и привилегија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.