Македонија,Политика

Иванов: Сите да гласаат за уште едни успешни избори во земјава

Иванов: Сите да гласаат за уште едни успешни избори во земјава

Претседателскиот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Ѓорѓе Иванов, денеска го оствари своето право на глас, во првиот круг на претседателсите избори.

Тој со својата сопруга и синот, гласаше во избирачко место во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, во 12 часот.
Изјава

„Денес со сопругата Маја и синот Иван го остваривме правото на глас. Очекувам дека сите граѓани на Република
Македонија ќе го направат тоа за да оставиме зад себе уште едни успешни избори и Македонија да функционира демократски со целиот свој кредибилитет. По изборите очекуваме да продолжиме за осварување на нашите стратешки цели и да работиме на просперитетот на државата и на секој нејзин граѓанин – истакна Иванов.